Отворен првиот ЈАВЕН ПОВИК за новата мерка Бизнис план во земјоделството, објави ресорниот министер Љупчо Николовски.
-Партнерски со земјоделците ја креиравме мерката бизнис план во земјоделството. Мерка која ги поддржува индивидуалните земјоделци чија основна дејност е земјоделството, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Поддршката е во форма на кофинансирање во висина до 10.000 евра по корисник и истите можат да се искористат за набавка на земјоделска механизација, пчеларска опрема, силоси, опрема во објекти за производство на храна од животинско или неживотинско потекло, опрема за навигација и смарт земјоделство на постоечки трактори, комбајни и приклучна механизација, машини за разбивање на мраз, инвестиции во објекти на фарми за обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка, опрема за производство на тутун, како и набавка на хардвер и софтвер за примарно земјоделско производство.
-Јавниот повик кој го објавивме денеска е прв во низата повици за Бизнис план, кои континуирано ќе се реобјавуваат секој месец до крајот на годинава, информира Николовски.
