Почувствуван е и трет земјотрес во Скопје и околината.
Во 16:47 часот по локално време, повторно силен земјотрес што уште повеќе ги вознемири граѓаните. Сеизмичарите повторија дека во текот на денот може да се очекуваат уште мали потреси и апелираат на смиреност на граѓаните.
Откако утрово во 7 часот и 15:10 со јачина од 3,9 односно 5,2 степени по Рихтеровата скала скопскиот регион беше погоден од серија земјотреси, се почувствува и трет силен земјотрес со јачина од 4 степени по Рихтер.