Министерот за здравство Азир Алиу денеска ќе го означи почетокот на изградбата на „Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница – Тетово“, во знак на трајно сеќавање и почит кон загинатите во овој трагичен настан, соопштија од Министерството за здравство.
На настанот ќе присуствуваат и вицепремиерот за политики и добро владеење Арбен Фетаи и градоначалникот на Тетово Биљал Касами.
Пожарот во модуларната болница во Тетово се случи на 8 септември 2021 година и во него животот го загубија 14 лица, а десетина беа повредени