Пред Министерството за правда започна протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ за Гоце Делчев.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протестен собир, како што најави, за поддршка на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев. Од пред Министерството за правда протестот, ќе продолжи преку мостот „Гоце Делчев“ се до зградата на Министерството за надворешни работи.