Утрово на делницата Демир Капија – Неготино, пронајдено е починато лице.
– Утрово во 05,40 часот во Полициска станица Неготино пријавено е дека на патниот правец Демир Капија – Неготино, во близина на месноста викана „Прждевски споменик“ пронајдено е починато лице. Во моментов се врши увид на лице место, соопшти Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
“Засега не можеме да дадеме повеќе детали за случајот.”- изјави Стојковска.