По скоро седум месеци лекување, утрово почина Владимир Блажев-Панчо во болницата каде што се лекуваше.
Панчо настрада во кобниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени.
По пожарот, тој се лекуваше прво во Клиничкиот центар а потоа беше префрлен во приватна болница, каде седум месеци се бореше за својот живот.
Колеги, пријатели, роднини се збогуваат од Панчо на социјалните мрежи.
Панчо е роден 29 јули 1979 во Скопје. Зад себе остави два малолетни синови.