Почина 26-годишно момче од Ковид-19

На Клиниката за инфективни болести почина 26-годишен кавадарчанец.

„Дваесет и шест годишниот пациент од Кавадарци бил хоспитализиран на Клиниката на инфективни болести и фебрилни состојби од 25 октомври. Тој имал апластична анемија и бил со тешка клиничка слика на неинвазивна вентилација со прогресивно влошување на здравствената состојба“, одговорија од Министерство за здравство.

Според неофицијални извори блиски до момчето, тој бил позитивен на коронавирус. На клиника се лекувал и неговиот брат. Таткото на двајцата браќа се лекувал во домашни услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e