Николовски: Победничка енергија во Штип! На 15.јули Истокот победува!

Оваа енергија што ја видов вечерва ми дава за право да верувам дека на 15-ти јули, Штип победува, на 15-ти јули, Истокот победува! – порача вечерва од Штип генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ3 Љупчо Николовски кој заедно со претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче вечерва им порачаа на штипјани дека на 15 јули важно е да се излезе на гласање, затоа што се носи голема одлука.

108994722_2755255034696018_3868680850105671282_n

Одлучуваме за сопствената иднина, за иднината на најблиските и за иднината на земјата. Одлучуваме дали ќе одиме напред и ќе се враќаме назад. И што е исто така многу важно, одлучуваме кој ќе ја води битката против коронавирусот во периодот што претстои.

Не е доволно само да веруваме дека СДСМ ќе ја води следната влада, и затоа секој од нас треба да преземе чекор и да учествува во големата одлука. Да не дозволиме да ја прокоцкаме шансата што заедно ја создававме овие три години. Ако останеш дома на власт ќе се врати Груевски. – рече Николовски.

108232580_2755254904696031_6423995100801212273_n

Потребно е секој да излезе на 15 јули, да гласа и да учествува во потврдата на победата. Ќе продолжиме напред само ако вие така одлучите и само ако излезете и гласате на 15 јули, на вашето гласачкото место кое ќе биде целосно безбедно. Одлучуваме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад! Дали ќе растат платите за сите или ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски? Дали ќе се заштитиме од Ковид или ќе оставиме неодговорни луѓе да донесат хаос, паника и закана за здравјето на сите? Дали ќе го исчистиме судството од корумпираните или Мицкоски ќе ги спасува Камчев и Груевски? – рече Николовски.

108755361_2755254931362695_1733990336884788664_n

Дали после НАТО влегуваме во ЕУ или ќе им дозволиме да го поништуваат Договорот од Преспа и да не носат во провалија?На 15 јули вие одлучувате кој ќе ја води борбата со Ковид. Подготвени ли сте вашето здравје и здравјето на вашите најблиски да им го доверите на Мицкоски и неговите луѓе? Затоа, на 15 јули, да дадеме масовна поддршка за коалицијата #Можеме, која носи сигурност и заштита на здравјето на граѓаните. – истакна Николовски од Штип.

108843363_2755255004696021_5562013315771582277_n 107882323_2755254834696038_847732675581747966_n 108005216_2755254994696022_5064716569328022099_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e