По ваков радикален потег Србија следно треба да и објави војна на Македонија, анализираат аналитичари кои ги консултираше 24 Телевизија.
“Србија не покажа ниту еден аргумент дека имало разузнавачки активности за да оправдаат вака драстичен потег”, вели поранешниот разузнавач, Александар Диневски, познат по случајот “Шпион”.
“Според изјавата на министерот за надворешни работи, најодговорна служба која би ја прислушкувала Србија е агенцијата за разузнавање која е под директна ингиренција на претседателот Иванов и вообичаено е после ваквиот потег Србија да направи уште потежок дипломатки потег, а тоа е објавување на војна”, додава Диневски кој е сигурен дека ова што србските претставници го зборуваат е чиста глупост.
Диневски смета и дека можноста зошто Србија го направи овој потег е заради репресивните мерки кои контраразузнавачката служба во Македонија (УБК) го направила по влезот на странскиот разузнавач Живаљевиќ во собранието од 27 Април со цел да се заштити државата, по што српската разузнавачка служба била компромитирана, па сега Србија го повлекува целиот персонал со цел да го заштити и разузнавачот но и самата држава Србија од меѓународна компромитација.
Властите во Македонија пак се охрабрени од изјавите на српскиот премиер Вучиќ, и министерот за надворешни работи, Дачиќ дека сакаат нормализирање на состојбата и уште утре телефонски ќе разговараат Вучиќ и Заев.