По срамот со минималната плата сега на Трајко Славески владините мерки му се комплицирани

ВМРО-ДПМНЕ преку Трајко Славески обвини дека антикризните мерки на Владата за намалување на цените на горивата, кои беа изработени на широк Економски совет со инпути од сите засегнати страни, биле комплицирани.

Наместо мерки базирани на анализа, за да помогнат на зачувување на стандардот на граѓаните, а истовремено да не создадат дупка во буџетот, Славески предложи паушално намалување на акцизите, без никакви пресметки и објаснувања.

Славески исто така ги критикуваше и мерките за намалување на ДДВ за греење, електрична енергија и за основните животни продукти. Сепак, не знаејќи како да ги нападне овие мерки, тој кажа дека тие биле задоцнети.

Ова не е прв пат Славески и ВМРО-ДПМНЕ да застнат против мерките на Владата кои значат подобрување на животниот стандард на сите граѓани. Тој беше активен противник и на зголемувањето на минималната плата.

Наместо да се ангажираат за полесно пребродување на кризата која го зафати цел свет, опозицијата мислејќи само на гола власт, повторно побара организирање на предвремени парламентарни избори, со што дополнително ќе се блокира системот во земјава и граѓаните ќе останат поизложени на ценовните шокови од кризата.

Мерките кои Владата ги усвои на вчерашната седница, треба да се најдат во Собранието, па останува да се види дали опозициските партии ги имаат интересите на граѓаните во прв план и ќе ги поддржат или ќе продолжат со блокадите, како и досега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e