По се изгледа ланските поплави во Стајковце не не научија на памет

Жителите од скопската населба ченто кои живеат на улицата „Јужноморавски бригади“ која се реконструира од ланските поплави се жалат дека со зегашната изградба повторно ќе бидат поплавени.

„Гледате и самите вие кога ќе се стави тој асфалт ќе бидеме на пониско ниво од самата улица. Тоа значи дека ние ќе се поплавуваме многу повеќе од до сега. Ние до сега сме биле поплавени 6-7 пати, а сега со ова ниво како што е улицата ќе се поплавуваме многу повеќе“

„Улицата е направена како вдлабнатина и водата не оди ниту во едната ниту во другата шахта. Таман сега ова беше шанса да направиме да се слева водата и од лево и од десно кон шахтите меѓутоа работниците воопшто не не послушаа кога дававме коментари. Рекоа дека тие си имаат план и знаат како треба да направат, нема потреба ние да се мешаме“, велат дел од анкетираните граѓани.

Оваа улица се реконструира како дел од акцијата за обнова на патната и комуналната инфраструктура во подрачјата зафатени од елементарната непогода минатата година. Пред само неколку недели Градоначалниците на Град Скопје и Општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски извршиле увид во градежните работи на реконструкцијата на дел од улицата „Јужноморавски бригади“ во населбата Ченто.

Во обидот да дознаеме повеќе информации околу реконструкцијата на патот го контактиравме градоначалникот Тони Трајковски, но тој не ни одговори на телефонските повици и пораките. Жителите велат дека доколку надлежните институции не се произнесат со конкретни мерки кои ќе ги запазат градежните активности ќе ја бојкотираат реконструкцијата на патот.

Извор: 24 телевизија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e