По 4 децении прва инвестиција во селото – Кркља доби нов локален пат

Пуштен во употреба локалниот пат во село Кркља – прва капитална инвестиција за селото после 40 години. Жителите од овој крај ќе добијат современ пристап до централното градско подрачје.

369653749_835560817937756_5855440561775339368_n
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска заедно со градоначалникот на општина Крива Паланка Сашко Митовски, направија увид на новоасфалтираниот пат кон маалите Џиковци и Тукарци.

369695222_835560551271116_7709043033064363151_n
– Инвестираме во патната инфраструктура, поврзувањето на селата во кривопаланечко е приоритет на кој посветено работиме, порача Николовски.

369581340_835560894604415_7114863441364336354_n

Инвестицијата е во вредност од 12.000.000 денари.
369608322_835560967937741_8999440929320787826_n
– Денес извршивме увид во новоизградениот патен правец во Кркља во должина од 1.5. километри, од клучката со магистралниот пат кон маала Џиковци и Тукарци. Средства се обезбедени преку Програма за финансирање проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби 2022/23 на Биро за регионален развој и Министерство за локална самоуправа. Инвестираме во секој дел од општината, порача градоначалникот Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e