Плусинфо: За малку тепачка помеѓу Бакрачески и Сашко Коцев на Охридско лето

На општо изненадување на сите присутни на свечениот коктел по претставата „На ничија земја“, со која заврши 57-то издание на Охридско лето, се случил тежок инцидент, односно вербална пресметка помеѓу актерот Сашко Коцев и охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, дознава порталот Плусинфо.

Во дел од медиумите се тврди дека дошло и до физички контакт и пресметка помеѓу двајцата. Имало работа и за полицијата, која дошла за време на инцидентот, со намера да интервенира, но според извори на Плусинфо, токму на инсистирање на Бакрачески, тоа не се случило.

– На коктелот, Коцев налутено ме праша дали и колку сум доцнел, а јас, мислејќи дека и тоа можеби е дел од претставата, му кажав дека сум задоцнил точно 4 минути. Не знам дали тоа го разбесни, или нешто друго, но потоа, во следните половина час, Коцев постојано провоцираше и за мене и за Талат Џафери зборуваше со погрдни зборови. Тоа можат да го потврдат на сите присутни, вклучувајќи го и младиот заменик министер за култура, кој го отстрани од коктелот – изјави Бакрачески за Плусинфо.

На заминување, градоначалникот на Охрид сепак се разминал со Коцев, при што актерот повторно провоцирал, па шоферот на градоначалникот го фатил за рацете, за да се избегне тепачка.

– Полицијата дојде за инцидентот и праша дали актерот треба да биде приведен, но јас замолив тоа да не се случи, заради Охридско лето пред се. Но, утредента Коцев сепак го пријавил настанот, тврдејќи дека е нападнат – изјавил Бакрачески.

Целиот текст прочитајте го тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e