Екс директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, вчера бил примен на Клиниката за кардиологија каде што лекарите констатирале инфаркт.
По извршена интервенција на негово барање Чавков ја напуштил клиниката по неколку часа, потврди утрово за Плусинфо, Беким Поцеста, директор на скопската Клиника за кардиологија.