Пленковиќ: Да им дадеме шанса на С.Македонија и Албанија, никој не може да го предвиди траењето на процесот

Мојот аргумент е: „да им дадеме шанса и да почнеме, бидејќи со денешниот степен на несигурност, никој не може да го предвиди траењето на процесот“, вели премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ во интервјуто на „Јуроњуз“ на грчки јазик, коментирајќи ја европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Атина.

-Нашата амбиција е да разговараме со оние кои се уште не се убедени и да им кажеме дека е подобро за стабилноста на регионот, подобро за европската иднина на нашето соседство, да започнат пристапните разговори. Мојот аргумент е „да им дадеме шанса и да почнеме, бидејќи со денешниот степен на несигурност, никој не може да го предвиди траењето на процесот“, вели Пленковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e