“Македонија отсекогаш била хумана земја и им помагала на луѓето кои се нашле во невоља не по своја вина. Така и ќе биде. Но, Владата на Република Македонија, предводена од СДСМ, не планира изградба на станбени единици за бегалците. За тоа кој планирал најдобро зборува пишаниот документ. Сеењето на страв е неоправдано. Политиката е борба на идеи. Дајте да се натпреваруваме со идеи. Оние од наша страна допрва претстојат.” – напиша на Фејсбук, генералниот секретар на владата, Драги Рашковски.