Филип Петровски во вечерашната емисија „Во Центар“ со Васко Ефтов изнесува повеќе пикантерии и детали од случувањата во ВМРО-ДПМНЕ и начинот на владеење на лидерот Христијан Мицкоски.
Мицкоски со криминалци и бандити сакаше да остане на тронот! – порача Петровски.
Јас она што го видов во последните две до три недели до изборите е дека сите сомнителни ликови од политичкото подземје му ги паркираа таму. Повеќе од видливо е дека тој не одби да ги прими. Слушнавме дека сака да им биде шеф. Или е многу незрел или сметал дека може да ја обмани јавноста да ги сокрие овие негови операции, рече Петровски.
Емисијата ќе се емитува вечерва во 22:00 часот на YouTube!