Нема да има проблем да се состави влада, смета Филип Петровски.
-Она што се прави е привид во јавноста дека сите победиле, сите ќе составувале влада и тоа се случува на внатрепартиските игранки и се храбрат меѓусебе. Работата е многу проста, резултатот е многу чист и според Уставот е многу јасно дека тој што има најмногу пратеници добива мандат за составување влада, рече Петровски во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал5 ТВ.
Мицкоски е самонаречен кандидат за мандатар, тој беше само шпицен кандидат на билбордите кој сам си ги поставуваше. Јасно е дека кандидат за мандатар може да биде оној кој победил на изборите. -рече Петровски кој порача дека, како што рече, за жал Мицкоски не е препознаен како автентичен кандидат.
Петровски оцени дека лага е наводната демократизација на ВМРО-ДПМНЕ со вчерашното менување на статутот на партијата.