Дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска во денешното гостување во отвореното студио на ТВ 24 посочи дека внатрешната контрола за упадот во магацинот каде се делела хуманитарната помош во Струмица е завршен и е констатирано пропусти и случајот започна со прекршување на полицискиот час и да заврши со упад во магацинот за кој се немало налог.
„Отпочната е истрага и дадена наредба за проверка, рече Петровска. Извештајот е класифициран како строго доверлив кој наредил упад во магацинот. За влегување во туѓ имот, во тој момент, полициските службеници немало налог, додека затекнатите во магацинот имале дозволи за движење.
Во врска со снимката на која Мицкоски се гледа во теретана за време на полициски час, Петровска вели дека за овој случај истрагата се уште е отворен.
„Министерот Чулев се обиде да го одбрани и моментално се вештачат хард дисковите од теретаната. Целта на тоа вештачење е да се провери веродостојната на снимката и дали нешто е бришано од хард дисковите и затоа истрагата не е завршена. Нема потреба Мицкоски да врши притисок кај дополнителниот помошник министер во одделот на внатрешната контрола за која имам службена белешка. Мицкоски бараше овој случај побрзо да се реши“, рече Петровска.