Непријатно се изненадив од изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски дека е следен и прислушуван од тајни служби, кој изнесува такви обвинувања, во време кога Министерот за внатрешни работи е од неговата партија, а тој постави свој кадар на 15 раководни позиции и направи 90 хоризонтални промени на инспектори, изјави во интервју за ТВ 24, дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.
Таа додаде дека во Николовски до денес нема поднесено пријава и нагласи е незаконско следење и уништување на техничка опрема е одлика на една друга претходна власт. Или не знаат што се случува или изнесуваат невистини и небулози или се сомневаат во себе, истакна Петровска, додавајќи дека од ВМРО-ДПМНЕ изгледа ја преспале реформата кога следењето на комуникациите е предадено на оперативно-техничката агенција (ОТА), која е под контрола на собраниска комисија со која претседава кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
„Што се однесува до физичкото следење тоа е под контрола на одделението за организиран криминал, со кое раководи еден од 15-те раководители што ги смени техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев“, потенцираше Петровска.
Таа го охрабри Николовски да го пријави случајот.
„Пред да истапите во јавност треба да размислите за последиците, одговорно е да се докаже, за да се оди чекор напред, Николовски, ако пријави ќе треба да понуди конкретни сознанија, ова е сериозно обвинување кон повеќе инстутиции и неговите колеги во парламентот и структрите на ВМРО-ДПМНЕ во МВР“, истакна дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.