Внатрешната контрола при министерството за внатрешни работи констатира дека упадот во магацините на Заев се незаконски со оглед на тоа дека иако првично се зборуваше дека се работело за прекршување на полицискиот час како што сакаше да се прикаже, сепак полицијата, незаконски, влегла без никаков налог во магацините каде се наоѓаа социјалните пакети кои претседателот на СДСМ, Зоран Заев и неговото семејство, ги донираа на граѓаните како помош заради Коронавирусот, истакна дополнителниот заменик министер Славјанка Петровска во гостувањето во ТВ24.
Петровска вели дека тоа што полицијата неовластено, без налог од јавен обвинител, влегла во магацините и дека тоа е сериозно прекршување на законите и правилата. Овој извештај, истакна Петровска, е предаден до Основното јавно обвинителство за организиран криминал, до оделението каде се истражува криминал кој го прават полициски службеници.