-Во врска со објавеното видео на кое е прикажано приведување на момче со домашно милениче заради прекршување на полицискиот час, го искажувам своето несогласување со начинот на кој постапиле полициските службеници. Воедно очекувам и соодветна санкција за нивното непочитување на мерките и неносење на заштитни маски и ракавици. Ако казнуваме за неспроведување на мерките, како тоа ние први да ги прекршуваме? – напиша на фејсбук дополнителната министерка во МВР Славјанка Петровска како реакција на денешното приведување на момче кое во полициски час го шетало своето куче.
Полицајците на видеото кое се сподели на социјалните мрежи постапиле употребувајќи несразмерна, непропорционална сила (осум полициски службеници, две возила), притoa самите не ги почитувале мерките за употреба на заштитна маска и ракавици.
Реагираше и министерот Чулев кој кажа дека од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди конкретниот случај е евидентиран и се преземаат мерки за утврдување на законитоста на постапувањето на полициските службеници и за исходот од проверките во текот на утрешниот ден дополнително ќе биде известена јавноста.