Во Македонија паѓаат бројките на новозаразени со Ковид-19 и поради тоа не се очекува да има нови епдемиолошки мерки, туку напротив, оваа зима луѓето во автобуси и продавници да се движат слободно, без да држат меѓусебно растојание, како што беше случај пред пандемијата.
Овој месец Ковид е потврден кај 189 лица во земјава додека во споредба со лани имало 3503 инфицирани случаи, изјави за „Локално“ Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличкоски.
– Многу сме далеку од ланската состојба, и никако не може да се спореди состојбата сега со времето како кога почна пандемијата. Сега сме 44 недела. На неделно ниво имаме 189 позитивни случаи, а лани сме имале од 3.503. Многу сме далеку од ситуацијата во изминативе две години. Oва се најдобрите бројки до сега со исклучок на летото 2021 кога состојбата била најдобра, но ова никако не може да го споредиме со есента лани, ова е многу подобра состојба”, вели Петличкоски.