Петар Аневски им одзел на СЈО четири предмети без никој да знае?

Петар Аневски, претседателот на советот на јавни обвинители на Република Македонија со одлука на советот на јавни обвинители одзел четири предмети предходно доделени на специјалното јавно обвинителство и ги вратил на основното јавно обвинителство кај Марко Зврлевски, без притоа да извести никого, вклучително и СЈО.

Ова го изјави новинарот Зоран Божиновски во денешната изјава за 24ТВ по неговото излегување од притвор.

“Сакам нешто ексклузивно да ви покажам. Пресудата за “Шпион” во апелација е ништовна. Катица Јанева претпоставувам дека до овој момент не знае дека од 30 март минатата година не е надлежна за предметот “Шпион”. Одземен е со одлука на советот на јавни обвинители и ова не е соопштено. Петар Аневски одржал седница и четири предмети ги вратил кај Марко Зврлевски “,  вели пред камерата на 24ТВ, Зоран Божиновски кој исто така е обвинет во случајот наречен “Шпион”

Божиновски покажа и документ во кој се вели? дека при одлуката на апелационен суд во случајот “Шпион” со која се ослободени 18 луѓе постапувало ненадлежно специјално јавно обвинителство.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e