Претседателскиот кандидат Пендаровски на вчерашниот митинг во Куманово, рече дека земјава конечно ќе добие претседател кој ќе се раководи од интересите на граѓаните, а не како досегашниот кој молчеше, штити партиски интереси и блокира.
-Големо мнозинство од народот знае кој ја носи земјава во ЕУ, а кој ја враќа назад. На овие избори гласаме за политики за во Европа или во балканска кал. Одиме кон Европа, ставаме печат, Груевски никогаш повеќе да не се врати, на власт, туку на отслужување на затворската казна, порача претседателскиот кандидат Пендаровски.