Се собираат податоци и НАТО членките лиферуваат. Се уште не знаеме кој точно го испукал, рече претседателот Стево Пендаровски одговарајќи на прашањето за дронот кој ноќеска се урна во Загреб.
Според него, НАТО во моментов внимава да не се сфати дека некој од Алијансата влегува во судирот во Украина.
-Не било вооружено леталото, туку само служело за изведување активност. Тоа е помало од помалите авиони и лета пониско од комерцијалните авиони. Ќе покажат разузнавачките информации зошто не било детектирано на време. Во однос на Македонија, системите за детектирање постојат, меѓутоа знаете дека нашето небо го обезбедуваат други држави со подобри системи. Сами за себе не можеме да го обезбедиме небо. Нашите ресурси се лимитирани, информира Пендаровски во емисијата „Топ тема“.