Пендаровски: За Ковид-19 значаен дел има менталитетот и „културата на неказнување“

-Притиска пандемијата, но и практично имате иста кадровска структура затоа немаме „луксуз“ да им дадеме 100 дена на новата Влада, рече претседателот на државата Стево Пендаровски во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5ТВ.

-Мојот впечаток е дека, по комуникацијата со претседателите на околните држави, но и подалечни држави-пријатели теркот, односно моделот како ние постапивме е скоро идентичен со моделите во другите земјди, по препораките на СЗО, гледавме едно од други… Зашто е резултатот таков каков што е ? Значаен дел има во менталитетот на луѓето од аспект на почитување на препораките. Не беше доволно санкционирано непочитувањето и на индивидуално ниво. Практично имаше „култура на неказнување“, односно делови од владата не сакаа да се замерат со својот електорат, појасни Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e