Влогот во овие избори е дали навистина ќе одиме напред кон Европската врата која ни е пола потворена, членки сме веќе на НАТО, за помалку од два месеци добиваме датум за преговори, или ќе се враќаме назад кон ревизија на клучните документи кои направија поголема меѓуетничка кохезија и кои практично ги отворија европските порти за нас што впрочем е и заложбата на мојот противкандидат Сињановска, рече во завршното обраќање од ТВ дуелот претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.
Јас, вели Пендаровски, не можам да верувам како може некој кој претендира , алудирајки на Сиљановска, да ги убеди етничките албанци бијдеки нема почит кон таа етничка заедница кога пред години години наназад беше против Охридскиот рамковен договор, е против децентрализацијата, законот за јазици.