Пендаровски: Структурата на Владата ги покрива сите ресори кои нам ни се битни

За очекувањата од новата Влада, претседателот на државата Стево Пендаровски во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5ТВ рече дека гледа војла за продолжување на реформите, кои особено треба да се насочат во правосудството.

– Практично овој состав е 70-80 проценти во кадровска смисла идентична со претходната влада. И на крајот на краиштата, јас не сум тој кој треба да го цени составот од овој аспект премиерот, мандатарот ги одбира луѓето, ги селектира и на него е да ја понесе и одговорноста ако тие не одговараат на задачите кои им ги доделил. Она што јас знам е дека во оваа влада има луѓе кои се способни. Најголемиот дел и лично ги знам. Има многу малку нови ликови, мислам дека еден – двајца се сосема нови. Владата сега заедно со премиерот има 20 министри, имаше 26 што е за поздравување, ги тргна настрана министрите без портфељ што не се специфика на демократски системи и најповеќе се користеа за меѓу партиски пазарења. Објективно, мислам дека требаше и потпретседатели евентуално еден – двајца помалку да бидат, меѓутоа тоа не е битно. Битно е структурата на Владата во овој момент е таква да ги покрива сите ресори кои нам ни се битни, изјави Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e