Пендаровски: Силно ја поддржувам работата на СЈО, оваа институција треба да продолжи со работа

-Специјалното јавно обвинителство веќе работи од 2015 година. Има огромен напредок во делот на првосудството. Но сега ние мака мачиме со партијата што ја поддржува Сиљановска, ВМРО-ДПМНЕ да обезбедиме да продолжи да работи оваа независна институција. Тие сакаат да не продолжи работата на СЈО, рече Пендаровски во денешното тв соочување на Канал 5 телевизија.

Пендаровски рече дека СЈО со својата работа и резултат заслужило силна поддршка и рече дека стои зад концептот СЈО да продолжи да функционира. Напредокот во правосудството е констатиран од ЕК и од комесарот Хан, додаде Пендаровски.

„Имаме значаен напредок и во разузнавачките служби и во делот на правосудството. Во делот на правдата се направени огромни исчекори. Треба секој да направи се СЈО да продолжи да работи и да ги гони сите што ќе се огрешат од законите“ рече Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e