„Државата не се бори против корупцијата ако апси луѓе за 10 кепабчиња или 30-50 денари неплатена патарина. Точно се знае дека треба да се бори со високата корупција и по последниот извештај на Европската комисија, таа фраза се почесто се употребува“, изјави претседателот на С. Македонија, Стево Пендаровски во емисијата „Само интервју“.
Според Пендаровски, против корупцијата треба да се борите ако ги фатите „големите риби“ и ако апсите и свои луѓе.
„Невозможно е од едната страна да бидат сите криминалци, а овде кај нашите сите да се светци“, смета претседателот.
Тој се осврнал и на правосудството, велејќи дека најголемите пречки за истерување на правдата се баш таму.
„Заев не може по телефон да диктира пресуди како што правеше Груевски. Вие си имате Финансиска полиција, МВР, Обвинителство и Антикорупциска комисија“, изјавил Пендаровски.