Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, преку Фејсбук изрази поддршка на иницијативата на потомците на децата бегалци за изучување на македонскиот јазик.
Давам целосна поддршка на иницијативата на потомците на децата бегалци за изучување на македонскиот јазик низ светот каде што живеат Македонци.
Нашиот јазик е нашето македонско богатство, сега потврдено и признаено од целиот свет.
Ќе се залагам нашиот јазик да живее и да се унапредува, а тоа е можно само ако обезбедиме нашите сонародници од дијаспората да го учат и употребуваат македонскиот јазик.
5 мај не е само ден за втор круг избори, 5 мај е Ден на македонскиот јазик, во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија која на 5 мај 1945 година ја усвои азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, напиша Пендаровски.