Пендаровски на трибина „30 години развој на Армијата – формирање, настани, успеси, предизвици, иднина“

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на трибината „30 години развој на Армијата-формирање, настани, успеси, предизвици, иднина“ во организација на Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија и Асоцијацијата на здруженија од сферата на безбедноста, одбраната и меѓународни односи.

На трибината којашто го означи почетокот на активностите за одбележување на триесетгодишниот јубилеј на Армијата, се обратија и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и други говорници.

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски истакна дека Армијата во изминатите 30 години целосно се трансформираше и модернизираше, стекнуваше искуство и ја одржуваше својата борбена кондиција на бројни меѓународни воени вежби и со активно учество во повеќе мировни мисии предводени од НАТО, од Европската Унија, Обединетите нации и од нашите стратешки партнери на билатерална основа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e