Пендаровски: Како претседател јас ќе одам кај граѓаните а не тие да доаѓаат кај мене

На последното од серијата ТВ соочувања, а второ помеѓу претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска, на ТВ 24, кандидатите добија прашања како, доколку станат претседател, ќе комуницираат со граѓаните и дали ќе ја користат претседателската вила на Водно.

Сиљановска одговори дека е во дилема дали да ја користи вилата и дека нејзиното евентуално вселување ќе зависело од комшиите на кои мнногу би им пречело доколку остане дома, а дека со граѓаните ќе комуницира електронски.

Пендаровски пак рече дека не сака да се служи со ефтини популизми и дека е ирелевантно каде ќе биде сместен. Како пример го зеде поранешниот премиер Никола Груевски кој прво купил четири стана и седел во нив но сепак бил најизолираниот политичар. Во контекст на ова Пендаровски кажа дека тој нема само да користи канцеларии туку постојано ќе оди на средби со граѓани за директно да се запознае со нивните потреби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e