Пендаровски: Јас, вие кој и да е, не може да диктира пресуди како што тоа го правеше Груевски

-Немора да бараме само кривично-правна, туку и политичка и морална одговорност кај носителите на јавни функции, истакна претседателот на државата Стево Пендаровски во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5ТВ.
– Освен кривично правната одговорност која ќе биде утврдена од судовите, се разбира, крајна консеквенца, ние би морале да водиме сметка и т.н. политичка или морална одговорност. Ако некој вас ве спомнува, а вие не одговарате во однос на тие обвинувања, нека станува збор само и за евентуално морална одговорност треба да излезете и ако немате што да кажете на таа тема треба да се повлечете од политиката. Значи, мојот став и секојпат бил не мора да бараме само кривично правна одговорност во смисла на новата влада, вели Пендаровски.

Изборниот резултат ја диктираше оваа структура исто како и во 2016, констатираше Пендаровски, кој како позитивно изнеднадување на последниве избори го нотираше бројот на освоени гласови кај Левица.

Прашан за предизборните изјави на Заев дека ДУИ по многу години власт треба да оди во опозиција, и на Ахмети дека ќе има премиер Албанец, Пендаровски рече дека изборниот резултат ја диктирал структурата на Владата, исто како и во 2016 година.

– Математиката во политиката за жал или за среќа е многу битна работа, истакна претседателот. Резултатите од изборите за него биле очекуван со исклучок на Левица, во позитивна смисла, зашто добила повеќе гласови од предвиденото.

За изборниот модел и дали треба да се менува, Пендаровски рече дека се залага за една изборна единица и за отворени листи и преференцијални гласови.

-Дадов поддршка за промена на изборниот модел. Северна Македонија да биде една изборна единица и да има отворени или барем полуотворени листи на кандидати. СДСМ беше за реформа на изборниот систем, додека другите не беа за такво нешто, рече Пендаровски.

-Јас, вие кој и да е не може да диктира пресуди како што тоа го правеше Груевски. Јас мислам дека постои волја кај власта за правна држава. Ако го земете СЈО крајниот резултат е висока бројка на обвиненија, но до крај дојдоа само неколку. Не беше заради луѓето ко иработеа таму, имаше опструкција на судија адвокат, странки. До ВИП личност не можеше да им се достави покана со цел некое дејствие да се растегне, судија поротник заминува во пензија – случајот се враќа од почеток. – вели Пендаровски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e