Пендаровски ја прифати поканата за учество на дебатата “На мегдан”

Кандидатот за претседател на државата Стево Пендаровси ја прифати поканата за учество на дебатата со Гордана Сиљановска Давкова а по барање на претставници на Шарената револуција кој попладнево доставија покана за девата на двајцата кандидати.

Официјално ја прифаќам поканата за учество на јавниот настан организиран од На Мегдан / Në Mejdan. Очекувам детали за настанот, се гледаме!, изјави Пендаровски.

Кандидатите според предвиденото треба да одговараат на прашања кои би биле поставени од страна на граѓаните кои ги делат истите вредности како и Шарената револуција.

Засега потврда за присуство на дебатата нема пристигнато од страна на Гордана Сиљановска Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e