Пекабеско со донација на прехранбени производи за граѓаните погодени од пожарите

Со ова Пекабеско се приклучи на големиот број општествено одговорни компании, организации и хумани граѓани кои пружаат несебична поддршка на оние на кои во моментов им е најпотребна помош.

„Наша обврска како компанија е да помогнеме во вакви тешки моменти за нашите сограѓани. Коронакризата, но и ваквите елементарни непогоди секогаш треба да не потсетуваат дека поддршката и солидарноста во вакви времиња се повеќе од неопходни. Грижата за заедницата подразбира несебичност во најтешки моменти. Токму затоа, и овојпат би сакал да ги повикам и охрабрам сите наши партнерски компании да го следат ваквиот пример и во рамки на своите можности да склучат партнерства за поддршка на хуманитарните организации како што е Црвениот Крст. Само на ваков начин ја поддржуваме нивната мисија, а даваме поттик и признание за илјадниците волонтери кои се на првите линии на фронтот помагајќи при вакви елементарни непогоди“, истакна Првиот Извршен Директор на Пекабеско, Слободан Кутревски.

Пожарите предизвикаа голема материјална штета и загрозуваат голем број на луѓе, поради што е добредојдена секаква помош, велат од Црвениот Крст. Нивните тимови се постојано на терен со цел поддршка во справувањето со состојбите во опожарените предели. Тие постојано обезбедуваат и прехранбени производи и вода за најзагрозените лица и семејства кои беа зафатени од овогодинешната огнена стихија.

Инаку, Пекабеско e долгогодишен партнер на Црвениот крст, а покрај донација на пакети со храна за најзагрозени семејства, реализира и годишна соработка за поддршка на Пунктот за бездомници на Црвениот Крст на Градот Скопје преку донација на производи. Исто така, во текот на минатата година, компанијата донираше и 7 тони храна како поддршка за семејствата кои беа најпогодени од кризата предизвикана од Ковид-19, а Пекабеско е дел и дава поддршка на голем број хуманитарни и општествено-одговорни акции организирани од различни организации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e