Пазарните инспектори влегле кај 200 трговци по пријави дека нема леб, зејтин и брашно

Инспекторите на Пазарната инспекција влелге во 200 фирми во кои контролирале цени на производи, резерви, почитување на законските прописи и владини одлуки.

Директорката Анета Симеска-Димоска рече дека кај 41 субјект имало постапување спротивно на Законот за трговијата, а 19 не ја почитувале одлуката за посебни услуги во трговијата. Меѓу трговците има 18 што добиле казни поради тоа што не ја почитувале ограничената маржа донесена од Владата.

„Казните не се мерило дека ја бркаме работата или имаме ефикасност во работењето бидејќи кога ќе се појавиме на терен, трговците веднаш ги менуваат и усогласуваат цените. Тоа што сме на терен постојано има резултати и во овој момент имаме сѐ помалку пријави во кои има реакции дека нема одредени производи во маркетите. Најмногубројните пријави се дека нема леб, зејтин, брашно“, вели Анета Симеска-Димоска.

Инспекторите затекле и маркет што набавил зејтин по стара. т.е. пониска цена, а ја продавал по нова, повисока. Таму биле вратени цените според тоа колку е набавено.

„Кај производителите на зејтин е направена проверка и сакам да информирам, да пренесам дека само кај еден од производителите, каде што е завршена контролата, има рафинирано масло, кое е спремно за пакување, доволно во количини за три месеци. Имаме и дополнително суровина доволна за три месеци. Во овој момент немаме проблем. Има резерва од 100.000 литри, кои ќе се дистрибуираат кај трговците во согласност со побарувачката. Во однос на цената, таа е во рамките на очекуваното со минимални зголемени трошоци во однос на тоа како се продаваше маслото изминатиот период, од стотина до 104 денари“, додава директорката на Пазарната инспекција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e