Ѓорѓи Манасков, несудениот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, како претседател на Стопанската комора за енергетика најави протести пред Владата поради јануариските сметки за струјата.
Тој во јануари, ставајќи ги партиските интереси пред интересот на државата, поднесе низа барања во име на комората со која бараше разрешување на економските министри и останати назначени лица.
Овој пат, повторно, претставувајќи се како независен, изјавува дека коморите, компаниите и граѓаните биле револтирани поради јануариските сметки за струја и најави протест пред Владата на 25 февруари.
Манасков на јавноста е познат како несуден кандидат за претседател на државата преку ВМРО-ДПМНЕ, но и како личност која е негатор на коронавирусот.