ПАРИТЕ КАЈ ГРАЃАНИТЕ: Владата ги стопира владините реклами по телевизии, весници, билборди, портали

Владата денеска ја усвои мерката од Планот 3-6-9 која се однесува на стопирање со владините реклами на комерцијалните радиодифузери и печатени медиуми, билборди, интернет портали (со исклучок на социјалните медиуми) и пренесување на комуникацијата со граѓаните преку јавниот радиодифузен сервис. Согласно оваа мерка Владата на РМ донесе заклучок според кој се задолжуваат сите органи на државната управа, им се укажува на институциите кои немаат статус на органи на државната управа и им се препорачува на единиците на локалната самоуправа да престанат да емитуваат, односно рекламираат кампањи/спотови на платен простор во електронски комерцијални радиодифузери – телевизии и радија, дневни и неделни весници, билборди, интернет портали, со исклучок на социјалните медиуми, согласно усвоената мерка од Планот 3-6-9.

Во однос на Планот 3-6-9, на денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за динамиката на реализација на одделни точки од планот и ги задолжуви институциите носители на мерките во Планот 3-6-9 да доставуваат извештаи за реализација на мерките до Секретаријатот за европски прашања секоја недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e