Панчевски од Шутка заминува на судење во Велешкиот суд

Денес во Велешкиот суд треба да почне судењето за поранешниот претседател на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски.

Тој ќе биде донесен од притвор во Шуто Оризари откако на минатото рочиште на 10 јули не се појави на судењето, па судијата одреди притвор. Откако пет дена полицијата не успеа да го пронајде Панчевски, по него беше распишана потерница.

По ова тој самиот се пријави во Истражниот затвор во Шутка. Панчевски одговара за злоупотреби на Акмис системот.

Обвинет е дека влијаел во распределбата на вкупно 49 предмети и со негова интервенција одредувал судии за предметите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e