Ова се новите законски измени за полагање на возачки испит

Пратениците од мнозинството предводени од пратеникот и координатор на групата на СДСМ Тунтев, поднесоа предлог закон по скратена постапка во кој се вклучени измени наменети за подобра заштита на ранливите групи во сообраќајот и нивните права. Меѓу главните новитети кои треба да бидат изгласани се промена на возраста за стекнување право за полагање на возачка дозвола за моторно возило од 16 на 17 години, повеќе поволности се предвидени за највозрасната група на граѓани како и за самите инструктори во автошколите. 

– Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е релативно нов закон, од 2015 година и беше усвоен со европски предзнак, што укажува дека во најголем дел е усогласен со регулативите на Европската унија. Со тоа се покажа дека се стремиме кон прифаќање на евроските проекти, во насока на  надминување на досегашните недоследности и проблеми кои се појавуваа во пракса и поефикасно функционирање во областа на безбедноста на сообраќајот. Бидејќи основата цел е посттигнување на нула незгоди кај децата и другите ранливи категории неопходно е континуирано унапредување на состојбите преку соодветно ревидирање на законските решенија, стои во објаснувањето на пратениците зошто овие законски измени треба да се донесат.

Целата анализа на “Фактор” прочитајте ја тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e