Ова се кандидатите на СДСМ за градоначалници на Ѓорче Петров, Кисела Вода, Велес и Охрид

Од СДСМ денеска ги објавија имињата на дел од кандидатите за градоначалници.

За Ѓорче Петров ќе се натпреварува, Александар Наумоски. Тој на предходните локални избори загуби со мала разлика во вториот круг од актуелниот прв човек на општината Сокол Митревски.

Синот на познатиот бизнисмен Зоре Темелковски, Филип Темелковски е кадровското решение на СДСМ за Кисела Вода. Темелковски е претседател на ОО СДСМ Кисела Вода.

За Велес, во повторна битка ќе влезе Аце Коцевски, поранешен градоначалник во неколку мандати.

Докторот на науки и професор на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, како и актуелен советник и координатор на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски, ќе биде кандидат за градоначалник на Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e