Отсега и официјално: Бомбите на СДСМ ќе бидат доказ на СЈО во постапките

Бомбите биле прибавени на законит начин од страна на Специјалното јавно обвинителство, а не е важно како биле создадени.

Ова е главното образложение на Апелационите судии кои прифатија нелегално прислушуваните материјали да станат дел од судскиот процес „шамари во Центар“.

Апелација го објави решението со кое ја прифаќа жалбата на СЈО против екс премиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште 11 обвинети.

Одлуката следува по жалбата на СЈО, откако судијката Татјана Михајлова од кривичниот суд ги отфрли бомбите како доказ во судскиот процес.

Против оваа одлука не е предвидена жалба, што значи дека Никола Груевски во судница ќе слуша како нарачува насилство за градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

По се озгледа дека бомбите ќе бидат и дел од сите наредни процеси со оглед на причината зошто бомбите ќе бидат прифатени како доказ, со оглед дека сите материјали се прибавени на ист начин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e