Откупот на бостанот за кој владата обезбеди дополнителни два денара субвенции, тече без проблеми и во најдобар ред. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, стабилизација на цената се очекува по 15 јули кога количините лубеници на пазарот ќе се намалат.
„Оваа мерка е по предлог на двете страни, производителите и откупувачите. Им понудивме и субвенционирање по хектар кое можевме 100-процентно да го зголемиме, но ваквата опција не беше прифатена. Затоа ја одбравме мерката дополнителни два денара, како што побараа производителите, а се согласија и откупувачите, потенцира николовски. Укажаа и дека цената на бостанот падна на три денари поради што министерството за земјоделство итно реагираше и интервенираше.“