Откриена е тајна соба без прозорци во кабинетот на експремиерот Димитриев

Во Владата на Република Македонија постои тајна соба во кабинетот на поранешниот премиер Емил Димитриев, која е мистерија за актуелната власт и пет месеци по падот на претходниот владин состав на чело со ВМРО-ДПМНЕ. Актуелната власт на СДСМ ги добила клучевите од сите кабинети и канцеларии од зградата која беше реновирана, но без објаснување за функцијата на некои простории, објави СДК.

Димитриев беше избран за технички премиер за спроведување избори на 18 јануари, 2016, а остана на функцијата до 31 мај годинава. Тој не го користеше премиерскиот кабинет, во кој претходно седеше Никола Груевски, туку друга просторија во Владата.

Кабинетот на Димитриев сега го користи вицепремиерот Кочо Анѓушев.

САКАМДАКАЖАМ.МК доби ексклузивна можност да влезе и да ја фотографира тајната просторија.

 „Мермерните скали покриени со црвен дебел килим, десно од главниот влез од Владата на Република Македонија, водат до широк простор на првиот спрат. По повторно свртување десно, тие стигнавме до канцелариите и кабинетите во шестата кула во Владата, од вкупно седумте.

Преку една канцеларија со 3 вработени, и преку две црни врати, влеговме во пространиот кабинет на поранешниот премиер Емил Димитриев. На десниот ѕид, слика „Мајка со дете“ од Никола Мартиноски, на левиот, до прозорите кои гледаат на Кејот на Вардар, слика од Владимирски. Десно блиску до работната маса, има две врати кои на прв поглед и не се толку впечатливи.

Едната врата води кон тоалетот, а откако ја отворивме другата наидовме на уште една, бела врата. Кога ја отворивме, влеговме во просторија што на прв поглед изгледа малку морничаво и клаустрофобично бидејќи нема никави прозорци. Но впечатокот малку се промени кога го вклучивме светлото.

Во собата од околу 20 квадратни метри има 4 сијалици, 3 штекери, 1 систем за аларм, спуштен плафон од хантер-даглас, на кој недостасуваат неколку плочи и висат кабли“, пишува СДК.

Повеќе на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e