Осум мигранти откриени во бугарско комбе на Табановце

Во текот на минатата недела, на граничниот премин Табановце , бил спречен обид за излез од државата на осум илегални мигранти. Бугарски државјанин, управувајќи патничко комбе со бугарски регистарски таблички, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце . На прашање на царинскиот службеник дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, возачот одговорил дека нема ништо за пријавување и дека патува за Австрија. При деталната контрола, во покривот на возилото пронајден е специјално направен бункер во кој што биле скриени осум илегални мигранти, кои според нивно кажување биле со потекло од Ирак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e