Поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески, кого денес советот во Кривичниот суд на чело со судија Добрила Кацарска го осуди на казна затвор во траење од 8 години, нема веднаш да оди во притвор, како што е праксата за повисоките казни од пет години, пишува СДК.
На предлог на обвинителот Трајче Пеливанов, Талески ќе замине во домашен притвор. Пеливанов предлогот го објасни со тоа што во државата е воведена вонредна состојба поради пандемијата со корона вирус и на сила се мерки од владата кои подразбираат и полициски час. Но, и поради опасност од загрозување на здравјето на осудените лица во затворите, каде нема ниту еден заразен со коронавирус.