Осудениот за настаните од 27 април, Јане Ченто, од затвор каде ја одлежува казната, агитира за кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска. Тој на социјалната мрежа Фејсбук испрати порака до оние што го бојкотираа првиот круг од изборите велејќи дека поради нив излезноста беше само 42 отсто од гласачите.
Јане Ченто повикува да нема бојкот и на 5 мај да се излезе и да се гласа за кандидатот Гордана Сиљановска.
Дали можеби Сиљановска и Јане Ченто имаат договор за тој да агитира за неа а после таа, по примерот како што правеше Иванов, да го амнестира оној кој со своите постапки ги доведе во опасност животите на народните избраници?
Фејсбук статусот на Јане Ченто иако беше објавен по некое време е избришан.