ОСУДЕН ИГОР ЈАНУШЕВ – Кривичен донесе пресуда за “кинеските автобуси”

Јанушев е осуден за став од членот од Кривичниот законик што се однесува на злоупотреба на службената положба и овластувања, а кој со новите законски измени ќе стане непостоечки.

Со преземените дејствија обвинетиот Игор Јанушев го сторил кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 1, во врска со член 22 од Кривичниот законик (КЗ). Согласно претходно цитираните одредби, судот на обвинетиот му изрекува алтернатива мерка условна осуда така што му изрекува казна затвор во траење од две години и истовремено определува дека казната затвор нема да се изврши ако во рок од пет години не стори ново кривично дело.

Вака предмалку гласеше изрекувањето на пресудата за актуелниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, во случајот „Дизајн“ кој се однесува на набавката на кинеските автобуси за јавниот превоз во Скопје, пренесува “360 Степени“.

Јанушев не се појави да ја слушне во пресуда чие изрекување паѓа во сенка на измените на Кривичниот законик што на „брза лента“ вчера беа изгласани во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e